ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Јулиана Николова
Пратеник
Либерално-демократска партија
Пратеничката Јулиана Николова е член на партијата ЛДП. Таа е родена на 14 јули 1975 година во Велес. Николова е дипломиран професор по информатика, Природно-математички факултет – Информатика.
Активности во Собранието:
- Комисија за европски прашања, член
- Комисија за образование, наука и спорт, член
- Комисија за надворешна политика, заменик-член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата,заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Италија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, член
- Интерпартиска парламентарна група за правата на лицата со посебни способности (ИППГ), заменик-претседавач
Пратеничката Јулиана Николова има пријавено виолина вредна од 1.951 евра. За нејзините родители пријавила дека поседуваат стан во Скопје од 74.797 евра и две моторни возила Хонда Акорд од 8.130 евра и Опел Корса од 1.138 евра. Тие имаат и 3 девизни сметки со вкупен износ од 6.500 евра и девизна штедна книшка од 2.000 евра.
Вредноста на пријавениот имот од страна на Јулиана Николова изнесува 94.516 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.
Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.
Пратеничката Јулиана Николова во Централниот регистар на Република Македонија е регистрирана како сопственик на Здружение за едукација, претприемаштво, енергетска ефикасност и екологија ЗЕЛЕН РАЗВОЕН ПАТ Скопје и претседател со неограничени овластувања во Здружение на граѓани ИНСТИТУТ ИНФОРМАЦИСКО ОПШТЕСТВО Скопје. Двете здруженија во моментов се неактивни.
Собраниски активности за 2018 година:
- Број на присуства во Собрание: 108
- Број на отсуства: 3 оправдани и 0 неоправдани отсуства
- Број на поднесени предлог закони/амандмани: 19 закони и 19 амандмани
- Број на пратенички прашања: 0
- Број на излагања на пленарна седница: 4 дискусии на пленарна седница, 7 (контра) реплики и 0 процедурални
- Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 28
- Работни тела член/присуство/одржани: 4/35/43
- Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/23/30
- Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 206/0/409/220
Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година, и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).
- МЕСЕЧНА ПЛАТА: 65.969 денари (со исклучок на месецот јули кога месечната плата изнесувала 66.276 денари).
- Во период од јануари до јули вкупно земалa: 462.090 денари или 7.514 евра
- Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 593 евра