ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Фадил Зендели
Пратеник
Движење БЕСА
Пратеникот Фадил Зендели е член на БЕСА. Тој е роден на 10 јуни 1967 во Гостивар.
Образование: Доктор на науки по јавна администрација. Пред да стане пратеник работел како професор во Универзитетот на југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово.
Активности во Собранието:
- Комитет за односи меѓу заедниците, член
- Национален совет за евроинтеграции, заменик-член
- Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, претседател
- Комисија за уставни прашања, член
- Законодавно-правна комисија, член
- Комисија за труд и социјална политика, член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член
- Комисија за европски прашања, член
- Комисија за финансирање и буџет, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), шеф на Делегација
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Грција, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Италија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, член
Пратеникот Фадил Зендели има пријавено земјиште од 1077 м2 во Маврово, Ростуше, моторно возило Шевролет Орландо вредно 9.756 евра и кредит од 10.000 евра. Неговите родители имаат апартмани куќа во Гостивар за кои не е наведена вредноста.
Вредноста на пријавениот имот на Фадил Зендели изнесува 19.756 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.
Собраниски активности за 2018:
- Број на присуства во Собрание: 106
- Број на отсуства: 5 оправдани и 0 неоправдани отсуства
- Број на поднесени предлог закони/амандмани: 5 закони и 64 амандмани
- Број на пратенички прашања: 9
- Број на излагања на пленарна седница: 8 дискусии на пленарна седница, 1 (контра) реплики и 0 процедурални
- Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 19
- Работни тела член/присуство/одржани: 14/61/181
- Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/34/92
- Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 10/0/42/34
Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.
- МЕСЕЧНА ПЛАТА: 70.994 денари.
- Во период од јануари до јули вкупно земал: 496.958 денари или 8.081 евра
- Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби за 2018 година: 438.122 денари или 7.124 евра
- Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 345 евра