ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Агим Шаќири
Пратеник
ДУИ
Пратеникот Агим Шаќири е член на партијата ДУИ. Тој е роден на 13 октомври 1980 година во Струга. Шаќири е дипломиран економист, Маркетинг и финансиски менаџмент, Меѓународен универзитет во Струга.
Активности во Собранието:
- Буџетски совет, член
- Комисија за економски прашања, заменик-претседател
- Комисија за труд и социјална политика, член
- Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член
- Комисија за уставни прашања, заменик-член
- Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, заменик-член
- Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик-член
- Комисија за локална самоуправа, заменик-член
- Законодавно-правна комисија, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Романија, член
Пратеникот Агим Шаќири има изјавувано дека поседува две моторни возила, Мерцедес Бенз од 1.951 евра и Голф 5 ТДИ од 4.878 евра. Тој има и кредит од 3.252 евра.
Вредноста на пријавениот имот на Агим Шаќири изнесува 10.081 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.
Во изјава за СКУП на прашањето дали е тоа неговата имотна листа и дали има промени во истата, пратеникот одговори:
„Има промена во имотната состојба со тоа што пред некоја недела голфот го заменив со друго возило Мерџедес 2006 година со доплата. Другото е исто со тоа што месечно враќам на прикажаниот кредит ануитет“.
Собраниски активности за 2018:
- Број на присуства во Собрание: 111
- Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
- Број на поднесени предлог закони/амандмани: 25 закони и 22 амандмани
- Број на пратенички прашања: 1
- Број на излагања на пленарна седница: 4 дискусии на пленарна седница, 0 (контра) реплики и 0 процедурални
- Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 9
- Работни тела член/присуство/одржани: 6/27/36
- Работни тела заменик член/присуство/одржани: 12/100/154
- Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 245/0/424/246
Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.
- МЕСЕЧНА ПЛАТА: 66.276 денари.
- Во период од јануари до јули вкупно земал: 463.932 денари или 7.544 евра
- Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото за 2018 година: 703.541 денари или 11.440 евра.
- Дневници за службени патувања во странство за 2018 година: 22.936 денари или 373 евра.