ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Џеват Адеми
Пратеник
Пратеникот Џеват Адеми е член на партијата ДУИ. Тој е роден на 8 декември 1962 во с.Голема Речица, Тетово. Адеми е дипломиран новинар.
Во текот на конфликтот во Македонија бил припадник на ОНА, преседател на здружението на политички затвореници со седиште во Тетово и генерален секретар на Националната демократска партија (НДП).
Потоа се вклучил во тогаш новоформираната партија ДУИ, и станал заменик министер за локална самоуправа во Владата на РМ во 2004 година.
Активности во Собранието:
- Комитет за односи меѓу заедниците, член
- Комисија за локална самоуправа, претседател
- Комисија за уставни прашања, заменик-претседател
- Комисија за одбрана и безбедност, член
- Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик-член
- Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), шеф на Делегација
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Република Малта и Република Кипар, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската федерација, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, член
Пратеникот Џеват Адеми има пријавено куќа, двор и земјоделско земјиште во Голема Речица, Тетово вредни 117.073 евра, моторно возио БМВ Х5 од 11.000 евра, заем од 4.878 евра и кредит од 44.000 евра. Неговата сопруга има златен накит вреден 16.260 евра. Нивните деца имаат моторно возило Фолксваген Голф 7 вреден 16.662 евра.
Вредноста на пријавениот имот на Џеват Адеми изнесува 209.873 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.
Промена на имотна состојба забележана на 19.2.2019 година:
Моторно возило од имот на деца, Фолксваген Голф 7 вреден 16.662 евра е отстрането од имотната листа. Како имот на деца е додаден Косопственик-содружник ТД ИЦ ЊУ Драјвер ДОО во вредност од 308.500 денари.
Собраниски активностиза 2018:
- Број на присуства во Собрание: 90
- Број на отсуства: 14 оправдани и 7 неоправдани отсуства
- Број на поднесени предлог закони/амандмани: 2 закони и 4 амандмани
- Број на пратенички прашања: 3
- Број на излагања на пленарна седница: 4 дискусии на пленарна седница, 8 (контра) реплики и 0 процедурални
- Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 5
- Работни тела член/присуство/одржани: 6/12/122
- Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/11/51
- Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 205/0/333/158
Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.
- МЕСЕЧНА ПЛАТА: 70.994 денари (со исклучок на месецот јули кога месечната плата изнесувала 71.320 денари).
- Во период од јануари до јули вкупно земал: 497.284 денари или 8.086 евра
- Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби за 2018 година: 150.580 денари или 2.448 евра