ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Фросина Ташевска Ременски
Пратеник
СДСМ
Пратеничката Фросина Ташевска Ременски е родена на 22 февурари 1977 година во Крива Паланка. Дипломирала на институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје каде магистрирала и докторирала, а од 2012 година работела на втора докторска дисертација од областа на безбедноста. Работела како професор во средно училиште и асистент на институтот за социологија, од октомври 2004 година до јуни 2007 година и како асистент на полициската академија во Скопје, а од ноември 2012 година била избрана за вонреден професор на Факултетот за безбедност. Во 2009 година е избрана за член на советот за безбедност и НАТО интеграции на СДСМ. Во 2013 година е избрана за потпретседател на централниот одбор на СДСМ.
Активности во Собранието:
- Буџетски совет, претседател;
- Законодавно-правна комисија, заменик-претседател;
- Комисија за одбрана и безбедност, член;
- Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член;
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), заменик-член;
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Бугарија, член;
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, член;
- Интерпартиска парламентарна група за правата на лицата со посебни способности (ИППГ), претседавач.
Фросина Ташевска Ременски пријавила дека поседува имот во Крива Паланка и тоа куќа вредна 24.837 евра и земјиште проценето на 9.339 евра. Таа има и два кредита од по 9.756 евра.
Нејзиниот сопруг има две моторни возила, БМВ вредно 2.980 евра и мотор Веспа од 813 евра. Со сопругот, Ременски поседуваат куќа за која не е наведена вредноста, и земјиште во Скопје вредно 16.889 евра.
Вредноста на пријавениот имотот на Фросина Ташевска Ременски изнесува 74.371 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.
Собраниски активности за 2018:
- Број на присуства во Собрание: 108
- Број на отсуства: 0 оправдани и 3 неоправдани отсуства
- Број на поднесени предлог закони/амандмани: 5 закони и 54 амандмани
- Број на пратенички прашања: 2
- Број на излагања на пленарна седница: 10 дискусии на пленарна седница, 14 (контра)реплики и 0 процедурални
- Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 45
- Работни тела член/присуство/одржани: 6/20/27
- Работни тела заменик член/присуство/одржани: 2/18/110
- Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 197/0/416/220
Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.
- МЕСЕЧНА ПЛАТА: Првите два месеци од годината земала плата од 69.370, односно 71.650 денари. Во периодот март-јули земала плата од 75.285 денари.
- Во период од јануари до јули вкупно земала: 517.445 денари или 8.414 евра
- Дневници за службени патувања во странство за 2018-та година: 17.812 денари или 290 евра.