ЕКСПОЗИЦИЈА

Весна Пемова

Пратеник
ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката Весна Пемова е член на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е родена на 5 ноември 1960 година во Кавадарци.  Пемова е доктор специјалист по дерматовенерологија, Медицински факултет, „Св.Кирил и Методиј“, Скопје.

Активности во Собранието:

  • Комисија за труд и социјална политика, заменик-претседател
  • Законодавно-правна комисија, член
  • Комисија за локална самоуправа, член
  • Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, заменик-член
  • Комисија за здравство, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија и со Парламентот на Нов Зеланд, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина, член
15.356 евра
136.585 евра
36.585 евра

За пратеничката Весна Пемова на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција се достапни две имотни листи.

Имотна листа 1 :
Пратеничката Весна Пемова има пријавено стан во Скопје вреден 24.390 евра и денарска штедна книшка од 1.951 евра. Нејзиниот сопруг има два деловни простори, куќа и стан во Кавадарци, сите вредни 116.260 евра. Тој има и две моторни возила, Југо од 488 евра и Митсубиши Лансер од 6.992 евра. Пратеничката добива и приход од овоштарник во износ од 2.927 евра годишно. Вкупен износ: 160.894 евра.

Имотна листа 2:
Пратеничката Весна Пемова има пријавено стан во Скопје вреден 24.390 евра и денарска штедна книшка од 13.171 евра. Нејзиниот сопруг поседува деловен простор, стан и куќа во Кавадарци, сите вредни 112.195 евра. Тој има и две моторни возила Мазда од 4.065 евра и Митсубиши Лансер од 5.691 евра како и штедна книшка од 15.610 евра. На име на деца има автомобил Форд Фиеста од 5.600 евра и штедна книшка од 4.878 евра. Вкупен износ: 188.527 евра.

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 79
  • Број на отсуства: 31 оправдани и 1 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 4 закони и 143 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 2
  • Број на излагања на пленарна седница: 20 дискусии на пленарна седница, 19 (контра) реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 23
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/2/112
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 6/29/41
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 28/0/71/84

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 71.197 денари.
  • Во период од јануари до јули вкупно земала: 498.379 денари или 8.104 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби за 2018 година: 500.100 денари или 8.132 евра
  • Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 139 евра

 

Вкупен имот во € по години