ЕКСПОЗИЦИЈА

Снежана Калеска Ванчева

Пратеник
СДСМ

Пратеничката Снежана Калеска Ванчева е родена на 12 декември 1961 година во Охрид. Има завршено студии на Правениот факултет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Калеска Ванчева магистрирала на политички науки на Институтот за правно-техношки науки.

Активности во Собранието:

  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, заменик-претседател;
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член;
  • Комисија за европски прашања, заменик-член.
149.450 евра
120.891 евра
4.878 евра
4.065 евра

Снежана Калеска пријавила дека поседува стан во Скопје вреден 68.800 евра и накит вреден 4.065 евра. На девизната штедна книшка располага со 100 евра, а на трансакциската со 1.138 евра. Калеска има и три кредитни картички со 1.171 и 1.317 односно 4.372 евра, а има и кредит од 10.177 кој треба да го исплати до 2025 година.
Со сопругот поседуваат стан во Скопје чија вредност не е наведена во имотниот лист, како и уметнички слики вредни 4.878 евра.
Сопругот на Калеска поседува земјиште во Кавадарци, но не се знае колку вреди истото. Тој има имот во Скопје и тоа куќа со двор вредна 40.650 евра и стан вреден 40.000 евра. Поседува автомобил Ауди а6 за кој исто така не е наведена вредноста во листот. За три удели, сопругот на Калеска не ја пријавил сумата, додека пак, на двете трансакциски сметки располага со 990 односно 4.065 евра. Тој има и кредит од 97.561 евра, кој треба да го исплати до 2016 година.

Вредноста на пријавениот имот на Снежана Калеска Ванчева изнесува 279.285 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Во изјава за СКУП, Снежана Калеска Ванчева во ноември 2018 година ја потврди имотната состојба и напомена дека во неа нема промени. Останатите ставки за кои не беше наведена вредноста, Ванчева изјави:

„Вредноста на станот во Скопје, во зграда ,,Тифани,, , Центар е според просечна пазарна вредност некаде околу 120.000 евра, или 7.380.000.00 денари. Земјиштето во Кавадарци, односно во Кавадаречко има ниска  пазарна вредност, бидејќи се работи за неколку парцели, односно идеални делови од парцели на неколку различни локации,со релативно мала површина, освен мислам една нива која веројатно има околу 10 декари. Во анкетниот лист се наведени броевите на парцелите и катастарските општини. Автомобилот Ауди А6 е стар 13 години, бидејќи екупен во 2005 година и неговата сегашна пазарна вредност не е повеќе од 10.000 евра односно 600.000,00 денари.

Што се однесува до прашањето за приходи по основ на оснивач на адвокатско друштво (во адвокатурата влегов во 1992 година а во 2005 година го основав адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ заедно со адвокат Виолета Василева), во анкетниот лист е наведено во Глава 8- Други приходи, како основ за евентуали приходи по усвоена завршна сметка.“ – објаснува Калеска Ванчева.

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеничката Снежана Калеска Ванчева во Централниот Регистар на Република Македонија е регистрирана како сопственик на Адвокатско друштво ДЕ ЛЕГЕ Скопје. 

Собраниски активности за 2019 година:

  • Број на присуства во Собрание: 46
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 0 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 10 закони и 49 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 0
  • Број на излагања на пленарна седница: 6 дискусии на пленарна седница, 13 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 17
  • Работни тела член/присуство/одржани: 0/0/0
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 3/14/18
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 27/0/118/80

    Податоците се преземени од извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

Во истражувањето на СКУП од декември 2018-та година, „Накитот и сликите на пратениците се тешки 254.958 евра“, се открива дека Снежана Калеска поседува слики вредни 4.878 евра.

Вкупен имот во € по години