ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Иван Стоилковиќ
Пратеник
Демократска партија на Србите во Македонија
Пратеникот Иван Стоилковиќ е член на партијата ДПСМ. Тој е роден на 15 февруари 1962 година во Куманово. Стоилковиќ е дипломиран правник. Покрај српскиот, зборува македонски, англиски и руски јазик.
Активности во Собранието:
- Комитет за односи меѓу заедниците, член
- Комисија за уставни прашања, член
- Законодавно-правна комисија, член
- Комисија за одбрана и безбедност, член
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Романија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската федерација, член
За пратеникот Иван Стоилковиќ на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција се достапни две имотни листи.
Во двете имотни листи не е наведена вредноста на ставките.
Имотна листа 1: Земјиште во Стрновац, стан во Куманово и две моторни возила Фолксваген Уп и Ауди А7.
Имотна листа 2: Стан и земјиште во Куманово и моторно возило Ауди 2.7.
Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.
Пратеникот Иван Стоилковиќ во Централниот Регистар на Република Македонија е наведен како претседател на Политичка партија ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА СРБИТЕ и како овластено лице во Здружение на граѓани за хуманитарна помош и поддршка ВИВА Скопје и застапник по закон во Здружение Кошаркарски Клуб КСК 2013 Куманово. Двете здруженија во моментов не се активни.
Собраниски активности за 2018 година:
- Број на присуства во Собрание: 46 пати
- Број на отсуства: 55 оправдани и 10 неоправдани отсуства
- Број на поднесени предлог закони/амандмани: 0 закони и 3 амандмани
- Број на пратенички прашања: 0
- Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 0 (контра) реплики и 0 процедурални
- Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 0
- Работни тела член/присуство/одржани: 8/4/101
- Работни тела заменик член/присуство/одржани: 3/0/65
- Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 0/0/4/7
Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година, и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“).
- МЕСЕЧНА ПЛАТА: 67.197 денари.
- Во период од јануари до јули вкупно земал: 470.379 денари или 7.648 евра
- Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во првото шестмесечје од 2018 година: 22.668 денари или 369 евра
- Дневници за службени патувања во странство за периодот јануари-јули 2018 година: 116 евра