ЕКСПОЗИЦИЈА

Музафер Бајрам

Поранешен - Министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија

Музафер Бајрам е роден на 22 октомври, 1983 година во Скопје. Оженет, татко на две деца. Високо образование завршува на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на правниот факултет Јустинијан I. Моментално е магистрант при истиот факултет во областа на граѓанското право.

Своето прво работно искуство го стекнува како проектен асистент во невладината организација „ЛИЛ“ каде што е инволвиран во низа проекти наменети за интеграција и унапредување на состојбата на Ромите во Република Македонија. Во времетраењето на неговиот ангажман во оваа организација успешно беше спроведена кампањата за цивилна регистрација, социјална заштита и имунизација на Ромите од најранливата категорија.

Работел како волонтер и приправник во неколку адвокатски канцеларии, се до неговото вработување како помлад соработник во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор. Оваа функција ја извршувал четири години.

Во 2015 година го започнува својот ангажман исто како помлад соработник во Министерството за Животна средина и просторно планирање, во секторот за Европска унија.

15.817 евра
249.593 евра

Музафер Бајрам изјавил дека поседува два автомобила Мерцедес Бенз цлк 270 цди 2002/2015 вреден 6.589 евра и Мерцедес Бенз ц220 цди 2002/2013 вреден 6.789 евра.
Неговите родители поседуваат куќа и стан во Скопје, вредни 199.675 односно 49.919 евра. Тие исто така имаат и автомобил Шевролет Спарк 1.0 2006/2014 од 1.463 евра.
Сопругата на Бајрам поседува возило Даеву Ланос 1998/2018 вреден 976 евра. 

 

Вредноста на имотниот лист на Музафер Бајрам изнесува 265.411 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната изборна комисија за спречување корупција. 

Од 2020 не дел од владата.

Вкупен имот во € по години