ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Рубин Земон
Пратеник
Пратеникот Рубин Земон е член на Партијата за општествен и економски напредок – „ПОЕН“. Тој е роден на 25 октомври 1970 година во Струга. По професија е доктор по етнологија, при Етнографскиот институт со музеј при БАН во Софија, Република Бугарија.
Активности во Собранието:
- Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член;
- Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член;
- Комисија за култура, заменик-член;
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Блискиот и Средниот Исток, член;
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран, член.
Рубин Земон во своја сопственост има кредит од 2.088 евра и кредитна картичка со 585 евра. Тој исто така поседува и финансиски средства од 12.503 евра, но не е наведена нивната карактеристика, односно, дали станува збор за кредит, заем, депозит и слично.
Сопругата на Земон има кредит од 1.958 евра и кредитна картичка со 325 евра, како и автомобил Рено Флуенце од 6.016 евра. Додека пак, родители на Земон поседуват стан во Охрид од 76.423 евра и девизен депозит од 650 евра.
Вредноста на пријавениот имот на Рубин Земон изнесува 100.549 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.
Рубин Земон го сврте вниманието на јавноста со изјавата за ракометарот Стојанче Стоилов.