ЕКСПОЗИЦИЈА

Горанчо Крстев

Градоначалник
СДСМ

Горанчо Крстев е роден на 26 јуни, 1970 година во Кочани. Завршил средно образование за рударски техничар. Професионалната кариера ја започнал во 2001 година како основач и управител на транспортно претпријатие „Грга Транс“. Во 2012 година ја купил фабриката за откуп, продажба и преработка на ориз „Агро Грга“. На локалните избори во 2013 година се кандидирал за градоначалник, но довербата од граѓаните на Општина Чешиново Облешево ја добил на овие локални избори, во 2017 година.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

29.634 евра
17.073 евра
138.211 евра
43.740 евра

Горанчо Крстев поседува имотна листа од 228.659 евра во која поголемиот дел од ставките се на негово име, помеѓу што: три земјоделски земјишта, едно градежно земјиште, куќа, помошни објекти и две моторни возила. Тој изјавил дека го поседува и ЈТД „Грга“ село Спанчево. Како заеднички имот во неговиот анкетен лист се наведени две земјоделски земјишта.

Вредноста на имотниот лист на Горанчо Крстев изнесува 228.659 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

СКУП пишуваше за градоначалниците кои се газди и шефови на здруженија. Горанчо Крстев се најде на листата сопственици во трговски друштва, како сопственик на: Друштво за производство,трговија и услуги АГРО-ГРГА ДООЕЛ с.Спанчево Чешиново-Облешево.

Вкупен имот во € по години