ЕКСПОЗИЦИЈА

Блаже Шапов

Градоначалник
СДСМ

Блаже Шапов е роден на 06 декември, 1977 година во Гевгелија, а живее во Богданци. Основно образование завршил во Богданци, а средно во Скопје, каде што и дипломирал на УКИМ на Факултетот за физичка култура, во 2005 година. Пред изборот за Градоначалник на општина Богданци работел како професор по физичко воспитување во СОУ „Богданци“ од Богданци. Член бил на Советот на општина Богданци во периодот од 2009 – 2013 година, а во периодот од 2013-2017 бил претседател на овој Совет. Тој е истакнат спортски работник, бил поранешен тренер на ФК „Вардарски“ Богданци, како и претседател на СРД „Костреш“- Богданци, а организирал и други спортски активности.

 

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

3.902 евра
13.008 евра

Блаже Шапов пријавил имотна листа со 49 ставки, од кои само за шест има наведено вредност. Вкупната сума изнесува 16.911 евра. Во овие 6 ставки спаѓаат Трактор ИМТ 359 1986/1986 и Опел Вектра, кредит од 6.829 евра, како и кредитна картичка со 813 евра кои припаѓаат на Шапов. Останатите две ставки се на неговата сопруга, односно кредит од 4.878 евра и кредитна картичка со 488 евра. Останатиот имот за кој не е наведена вредноста припаѓа на неговите родители и тука спаѓаат шест стана во семејна зграда, уште други четири стана, две помошни простории, два помошни објекти, едно пасиште, две гаражи, едно градежно земјиште, двор, две деловни простории, седум земјишта под објект и петнаесет земјоделски земјишта.

 

Вредноста на имотниот лист на Блаже Шапов изнесува 16.911 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

СКУП објави листа на градоначалници кои се сопственици на спортски клубови и здруженија, така Шапов се најде на листата како сопственик во „Здружение Општински сојуз на училишен спорт БОГДАНЦИ, Богданци“.

Вкупен имот во € по години