ЕКСПОЗИЦИЈА

Градоначалник

Горан Стојановски е роден на 14 јули, 1978 година во Велес. Основно образование завршил во ООУ „Тодор Јанев“ во населба Чашка, а ветеринарна насока, завршил во средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ во Битола. Во периодот од 2002 до 2006 работел како координатор на проект за развој на деца и млади, финансиран од Светска Банка. Од 2008 до 2017 година бил дел од приватната компанија „Канела“ во Скопје. На локалните избори во 2017 година е избран за градоначалник на Општина Чашка.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

Горан Стојановски изјавил дека поседува градежно земјиште, куќа и помошни објеекти во Чашка. На лично име име пријавено и моторно возило и кредит. На име на неговите деца има пријавено Ауди А3, на брачен другар кредит и на име на родители земјоделско земјиште во Чашка. Највредно од неговиот имотот е куќата вредна 19.000 евра.

Вредноста на имотниот лист на Горан Стојановски изнесува 60.298 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Вкупен имот во € по години