ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Аљбон Џемаили
Градоначалник
Алијанса за Албанците
Аљбон Џемаили е роден на 16 ноември, 1971 во Боговиње. Завршил средно медицинско училиште во Тетово, а студии по медицина на Универзитетот во Тирана. Професионалната кариера ја започнал како фармацевт во родното место. Во Министерството за здравство, во Скопје се вработил во 2006 година и бил советник и инспектор во секторот за фармација. Од 2006 до 2008 бил именуван за претседател на Управениот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија. Бил активен член на Фармацевтска комора на Република Македонија, а од 2017 година бил во кабинетот на министерот за здравство Арбен Таравари. Џемаили придонел во академската област преведувајќи стручна литература од областа на медицината. Постдипломските студии за медицински менаџмент со фармако- економија ги продолжил на Факултетот за фармација, на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На локалните избори во октомври, 2017 година е избран за градоначалник на Општина Боговиње.
Податоците се преземени од Гласило – Зелс.
Аљбон Џемаили поседува имот вреден 1.249.427 евра. На свое лично име пријавил само два автомобили, од кои едниот е Мерцедес Е270. Неговата сопруга поседува исто така, две возила Опел Астра и Опел Зафира, а пријавена е и ставка „Лекови во ПЗУ Аптека Еларда“. Поголемиот дел од имотот е на неговите родители. Тие располагаат со деловен простор, два стана во Тирана, Албанија, куќа, двор и земјиште во Боговиње.
Вредноста на имотниот лист на Албон Џемаили изнесува 1.249.427 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.
Според медиумите, градоначалникот нема поднесено изјава за интереси по назначување на функцијата.