ЕКСПОЗИЦИЈА

Зоран Зимбаков

Градоначалник
СДСМ

Зоран Зимбаков е роден на 09 септември 1972 година во Струмица, а живее во село Босилово. Средно образование завршил во Скопје, во ГУЦ „Здравко Цветковски“-геодетски отсек/геодетски техничар. Во 1997 година дипломирал на УКИМ на Градежниот факултет – отсек Геодезија. Активно зборува англиски јазик и работи со Auto Cad и други CAD и GIS софтвери. Во периодот од 2001-2006, како раководител на објект и проектен менаџер, работел во АДГ „Маврово“- Скопје. Од 2006 па се до локалните избори во 2017 година, работел во општината во областа на Локален економски развој, комунални дејности и урбанистичко планирање, каде учествувал и подготвувал регионални и меѓународни проекти.

 

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

1.951 евра
19.512
16.164 евра

Зоран Зимбаков пријавил само личен имот проценет на 37.628 евра. Во нив спаѓаат градежно и земјоделско земјиште, како и земјиште под објект, но и куќа со помошни простории, сите овие во Босилово. Од подвижен имот пријавил автомобил Опел Вектра од 1.950 евра.

 

Вредноста на имотниот лист на Зоран Зимбаков изнесува 37.628 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Според медиумите, градоначалникот нема поднесено изјава за интереси по назначување на функцијата.

Вкупен имот во € по години