ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Енвер Пајазити
Градоначалник
Енвер Пајазити е роден на 01 февруари, 1962 година во Челопек. Основно училиште завршил во родното село, а средно во Гимназијата ,,Кирил Пејчиновиќ” во Тетово. Во 1987 година дипломирал на Факултетот за ветерина на Универзитетот во Сараево. Од 1989 до 2002 се занимавал со приватен бизнис, а од 2002 до 2005 бил директор на осигурителната компанија ,,Сигма». Во 2005 година станал застапник на брендот на автомобили Volkswagen,, со претставништво во Тетово. Во два мандата, односно на локалните избори во 2009 година и потоа во 2013 година бил избран за градоначалник на општина Брвеница, а во 2017 година по трет пат граѓаните му ја доверија градоначалничката функција. Од 2009 -2013 година, како претставник од ЗЕЛС е делегат во Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа.
Податоците се преземени од Гласило – Зелс.
Енвер Пајазити пријавил имот од 125.431 евро. Тој во своја сопственост има земјиште од 48.780 евра и кредит од 9.756 евра. Додека пак, неговата сопруга располага со куќа за одмор на Попова Шапка, вредна 56.911 евра и автомобил Фолксваген Бора од 2.496 евра. Децата поседуваат автомобил БМВ од 7.488 евра.
Вредноста на имотниот лист на Енвер Пајазити изнесува 125.431 евро и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.
Имотната листа на Енвер Пајазити, градоначалникот на Брвеница, во 2017 година вредеше приближно 1.500.000 евра, а со тоа се најде на листата на 10 најбогати градоначалници во земјата, која ја објави СКУП. Пајазити во тоа време пријавил дека поседува деловен простор, земјиште, а од долгови има еден кредит и еден лизинг. Куќата за одмор на Попова Шапка и моторното возило Волкцфаген се во сопственост на неговите деца.