Градоначалник
ДУИ
Висар Ганиу е роден на 18 јули, 1978 година во Скопје. Тој е доктор специјалист по кинезиологија и предава на Факултетот за физичко образование во рамките на Државниот Универзитет во Тетово. Познат е и како успешен фудбалски тренер кој посветено и професионално работи со младите генерации фудбалери и со првиот тим на ФК „Шкупи“. Проф. Др. Висар Ганиу ја вршел и функцијата заменик -министер за образование и наука во2017 година, а во истата година на локалните избори е избран и за градоначалник на Општина Чаир.
Податоците се преземени од Гласило – Зелс.
Висар Ганиу поседува стан, моторно возило Фолксваген Голф, плата од 800 ера и кредит од 40.000 евра. Неговата сопруга има моторно возило Рено Клио и плата од 358 евра.
Вредноста на имотниот лист на Висар Ганиу изнесува 54.098 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.