ЕКСПОЗИЦИЈА

Аријан Ибраим

Градоначалник
Демократска партија на Турците на Македонија

Аријан Ибраим е роден на 17 април, 1972 година во село Голем Папрадник, општина Центар Жупа. Основно училиште завршил во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во Центар Жупа, а средно во Тетово. Студии и постдипломски завршил во Република Турција, каде се стекнал со звањето дипломиран економист, а магистратурата му е од областа на меѓународни односи. Бил наставник во родното место, а потоа раководител на правно- финансиското одделение во Општина Центар Жупа. Работел неколку години и во Република Италија. На локалните избори во 2017 година, последователно, по втор пат е избран за градоначалник на Општина Центар Жупа.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

1.756 евра
89.431 евра
6.500 евра

Аријан Ибраим во својата имотна листа има пријавено само личен имот и тоа: куќа од 240м2 во Центар Жупа, моторни возила Тојота корола и Ренаулт Лагуна. Тој поседува и орочен девизен депозит од 6.500 евра во Пошта Италија.

Вредноста на имотниот лист на Аријан Ибраим изнесува 97.687 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Вкупен имот во € по години