ЕКСПОЗИЦИЈА

Ивица Тошевски

Градоначалник

Ивица Тошевски е роден на 12 февруари, 1966 година во Крива Паланка, а живее во село Ветуница, Општина Ранковце. Средно образование завршил во ХУЦ “Марија Кири Склодовска“ во Скопје, а ВСС на Институтот за безбедност, мир и одбрана на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје. Се вработил како полицаец во 1992 година во МВР, ОВР-ПС „Крива Паланка”, а во периодот од 2000 до 2003 година станал Командир на ПС- “Ранковце”. Од 2006 до 2008 година бил именуван за Командир на ПО за БПС “Крива Паланка”, а од 2008 до 2011 година за Командир на ПС за ГК “Деве Баир”. Од 2011 до 2013 година бил Началник на униформирана полиција во СВР „Куманово“, а од 2013 до 2017 година бил на работното место Самостоен Инспектор во СВР „Скопје”. На локалните избори во октомври 2017 година е избран за градоначалник на Општината Ранковце, како независен кандидат.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

15.122 евра
373.886 евра
55.474 евра
82.282 евра

Анкетниот лист на Ивица Тошевски се состои од личен имот, имот на брачен другар, имот на деца и имот на родители. Од личен имот тој поседува три земјишта, две во с.Ветуница и едно во с.Ранковце, платежни и кредитини картички, парични средства кредит и два стана. На име на неговата сопруга во анкетниот лист се пријавени две земјишта, куќа, шума, моторно возило Рено Меган, денарска платежна картичка и креди. На име на деца е наведен деловен простор, помошни простории и стан. Неговите родители поседуваат три куќи со двор, две во Стајковци-Скопје и едно во с.Ветуница. Тие имаат и два трактори како и Ауди А4.

Вредноста на имотниот лист на Ивица Тошевски изнесува 526.765 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција

Вкупен имот во € по години