ЕКСПОЗИЦИЈА

Герасим Конзулов

Градоначалник
СДСМ

Герасим Конзулов е роден на 06 јули, 1957 година во Радовиш. Завршил Рударско геолошки факултет и станал дипломиран рударски инженер. Во рамките на триесетгодишниот работен ангажман кој го поминал во рудникот за бакар „Бучим“ во Радовиш бил на повеќе позиции меѓу кои: главен инженер, управник на погон и од 2005 година до изборот за градоначалник на општина Радовиш бил директор за производство во рудникот. Назначен бил и за стручен соработник за подготвување на студии, проекти и техничка документација меѓу кои е и студија за проценка на влијанието врз животната средина од работењето на рудникот. Голем љубител е на спортот и поранешен активен фудбалер и спортски работник. Во периодот 2008 -2011 бил претседател на Боречкиот клуб, кога во 2010 година ја освоил шампионската титула во земјата. На локалните избори во 2017 година е избран за градоначалник на Општината Радовиш.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

Герасим Конзулов поседува земјиште, плац, моторно возило Опел Антара, девизна и денарска штедна книшка и кредит. Тој во анкетниот лист на свое име ја има и фримата Голд превоз дооел. Како заеднички имот во анкетниот лист се наведени деловен простор, две земјишта, куќа, две куќи за одмор, непрецизиран имот како и Конзул транс дооел. На име на неговата сопруга има земјиште, шума девизна и денарска шттедна книшка, кредит и Галактик дооел. Како имот на деца е наведено моторно возило БВМ х5 и кредит.

Вредноста на имотниот лист на Герасим Конзулов изнесува 949.720 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

СКУП пишуваше за градоначалниците кои се газди и шефови на здруженија. Герасим Конзулов се најде на листата сопственици во трговски друштва, како сопственик на: Друштво за транспорт и трговија увоз-извоз ГОЛД ПРЕВОЗ ДОО с.Раклиш Радовиш. А неговото име се најде и на листата сопственици, како дел од клубот РК РИМАКО-БУЧИМ Радовиш.

Вкупен имот во € по години