ЕКСПОЗИЦИЈА

Драган Анастасов

Градоначалник
СДСМ

Драган Анастасов е роден на 23 јануари, 1985 година во Пробиштип. Во периодот од 2012 година до 2013 година управувал со „Аква парк“ од Пробиштип, а од 2014 до 2015 управувал со хотелот „Сан Нико“ исто така во Пробиштип. Бил советник во Советот на општината во четиригодишниот мандат од 2009 до 2013 година, а од 2015 година до 2017 година работел во ЈП Паркинзи во Општина Центар. На локалните избори во 2017 година е избран за градоначалник на општината.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

 

2.127 евра
30.081 евра
6.695 евра
98.421 евра

Драган Анастасов во анкетниот лист од личен имот има наведено кредит од 5.914 евра и дозволено пречекорување на трансакциска сметка од 780 евра. Останатиот имот е на име на неговите родители и се состои од гаража, две градежни земјишта, двор, три земјоделски земјишта, куќа, помошни простории и две моторни возила Застава 101 и Шкода.

Вредноста на имотниот лист на Драган Анастасов изнесува 137.324 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Вкупен имот во € по години