ЕКСПОЗИЦИЈА

Илија Јованоски

Градоначалник
СДСМ

Илија Јованоски е роден во Прилеп на 28 мај 1956 година. Дипломирал на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 1981 година. Веднаш потоа се вработил во службата за Итна медицинска помош во Прилеп, каде работел до 1986 година. Потоа се вработил во Одделението за ортопедија и трауматологија во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп, каде останал до изборот за градоначалник на општината. Во 1990 година се стекнал со звање Специјалист ортопед, а во 2008 година со титула Примариус доктор специјалист. Во периодот 1992 – 2001 бил претседател на “Здружението по општа медицина и стоматологија“ од Прилеп, Македонски брод и Крушево. Од 1995 – 1998 бил заменик директор на ЈЗУ „Медицински центар Прилеп“, а во периодот од 2002- до 2006 бил раководител на ортопедско – трауматолошко одделение. Од 2013 до 2017 година бил избран за член на Совет на Општина Прилеп, а пред да биде избран за градоначалник на општината, во истата 2017 година бил избран и за директор на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

8.943 евра
328.715 евра
53.907 евра
5.691 евро

Илија Јованоски поседува две куќи во Прилеп, две денарски платежни картички и кредит. Неговата сопруга поседува деловен простор, стан, моторно возило Фолксваген Голф 6, закупнина, денарска платежна картичка и два кредити. Како заеднички имот во анкетниот лист на Јованоски е наведен стан и благородни метали.

Вредноста на имотниот лист на Илија Јованоски изнесува 397.256 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција

 

Антикорупциската комисија поднесе иницијативи за кривични пријави против Илија Јованоски за злоупотреби за вработување на блиски роднини.

Вкупен имот во € по години