ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Александар Наумоски
Градоначалник
СДСМ
Александар Наумоски е роден на 15 јуни, 1977 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет при УКИМ, во Скопје, насока, Граѓанско право. Положил и правосуден и нотарски испит. Магистер е по Уставно право на Правниот факултет при УКИМ, во Скопје, Човекови права- извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Од октомври, 2002 година до јуни, 2003 година бил во Воено воздухопловство при АРМ, А-1 Персонален менаџмент, војник- правник. Како приправник во адвокатска канцеларија работел од декември, 2001 година до ноември 2004 година, од каде заминал во Централен регистар на РМ – Едношалтерски систем – и една година бил советник на генералниот директор за правни прашања. Од јануари 2006 година до април 2011 година работел во Министерство за правда на РМ, како соработник во Секторот за поддршка на Владиниот Агент, застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур и извршување на одлуките на Европскиот суд под надзор на Комитетот на министри при Советот на Европа. Наумоски бил Секретар на повеќе работни групи за подготвување на закони и член на Комитетот за подобрување на постапките за заштита на човековите права при Советот на Европа (DH-PR) 2008. Во периодот, април 2011 – ноември 2013 година работел во „Еуролинк Осигурување“ АД Скопје. Од ноември, 2013 до декември 2016 година бил извршен директор во „Уготур“ АД Скопје, а од јануари 2017 година до август 2017 година приватен стопанственик -„ Метал тринаесет“ ДООЕЛ. Од Август 2017 година бил директор на КПУ Затвор– Скопје, а по локалните избори оваа година станал градоначалник на Општина Ѓорче Петров.
Податоците се преземени од Гласило – Зелс.
Александар Наумоски пријавил имот вреден 726.341 евра. Тој поседува куќа во Кичево, две возила Рено Меган и моторцикл Априлија. Тој располага и со кредит од 10.000 евра. Неговата сопруга располага со депозит од 10.975 евра и кредит од 11.382 кој треба да го исплати до 2021 година. Со неа, Наумоски поседува слики и накит вредни 3.252 евра. Имотот на родителите кој го пријавил Наумоски се состои од земјоделско земјиште, куќа, плац, два стана и шума во Букојчани.
Вредноста на имотниот лист на Александар Наумоски изнесува 726.341 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.
Опозицијата неодамна го прозва градоначалникот Наумоски, обвинувајќи го за „наместени“ вработувања. Тој стана познат во јавноста откако една револтирана жена која живее во Ѓорче Петров го обвини дека ништо не сработил што ветил пред избори, покажувајќи на калливиот пат, за време на посетата на тогашниот премиер Заев и Наумоски во населеното место каде живее жената.