ЕКСПОЗИЦИЈА

Арбен Таравари

Градоначалник
Алијанса за Албанците

Арбен Таравари е роден на 9 април, 1973 година во Гостивар. Во 1998 година дипломирал на Медицинскиот факултет на УКИМ во Скопје и во 2006 година специјализирал неврологија на Универзитетската клиника за неврологија, во Скопје. Втората специјализација за Семејна медицина ја стекнал во 2011 година на Медицинскиот факултет во Скопје. На Универзитетска клиника за неврологија бил шеф на Одделот за мигрена, главоболки и други болни синдроми и бил претседател на Одборот на оваа Клиника, како и член на Одборот на медицинските списанија: „Medicus“ и „Vox Medici “. На 1 јуни, 2017 година бил именуван за министер за здравство во Владата на Република Македонија, а на локалните избори во октомври, истата година избран е за градоначалник на Општина Гостивар.

 

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

51.816 евра
743.738 евра
143.766 евра

Арбен Таравари поседува имот вреден 1.007.176 евра. Поголемиот дел од имотот припаѓа на неговите родители. Тие располагаат со градежно земјиште во Тетово, двор, три деловни простории во Гостивар и две куќи, исто така во Гостивар. Сопругата на Таравари има автомобил Мерцедес А класа 2005/2018, поседува стан во Скопје, девизен депозит од 31.000 евра и златен накит од 21.964 евра.

 

Вредноста на имотниот лист на Арбен Таравари изнесува 1.007.176 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Додека ја вршеше функцијата Министер за здравство, во септември 2017 година медиумите пишуваа за афера, во која неврологот Таравари самиот себе се именувал за советник на министерот таравари.

Од документот до кој дојде НОВА се гледа дека Таравари е 11-ти на листата, а хонорарот изнесува 200 евра месечно, или 2400 евра годишно.

Вкупен имот во € по години