ЕКСПОЗИЦИЈА

Исмаил Јахоски

Градоначалник
ДУИ

Исмаил Јахоски е роден на 4 март, 1963 година во Пласница. Завршил економски факултет. Во периодот од 1984 до 1988 работел во „Црн Бор“ во Македонски Брод, како шеф на механизација. Од 1988 година до 1992 година работел како самостоен трговец. Во 1992 година започнал да се занимава со трговија од мал обем и е основач на фирмата „ПУЦКО ПЕТРОЛ“. Во 1996 година е избран за градоначалник во новоформираната општина Пласница. Во 2000 до 2005 година повторно е на чело на општината. Во 2005 година станал член на Турско –Македонската Стопанска комора. Потоа во 2009 и во 2013 година на локалните избори, во двата мандат, граѓаните повторно му ја доверуваат функцијата градоначалник на Општина Пласница. На локалните избори во 2017 година, Јахоски стана градоначалник по петти пат.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

 

14.500 евра
532.529 евра
86.179евра

Анкетниот лист на Исмаил Јахоски е исполнет со обемен личен имот, за дел од имотот не дал податок за сопственост. Од личен имот тој поседува повеќе земјишта, куќи и станови. Јахоски има неколку побарувања по основ на даден заем, закупнина, и повеќе денарски штедни книшки и девизни сметки како и трансакциони сметки. Имото за чија сопственост не е даден податок за сопственост и вредност се сосстои од повеќе деловни простори, помошни простории, станови како и стамбено деловен објект.

Вредноста на имотниот лист на Исмаил Јаховски изнесува 763.500 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција

Новинарите во повеќе наврати пишуваат и истражуваат за Исмаил Јахоски. Во медиумите се пишуваше за бизнисот на градоначалникот кој по петти пат седна на општинското столче во Пласница. Се пишуваше и за рекордниот број на тендери што ги добил Јахоски. А исто така, се пишуваше и за Антонио Милошоски „кој му пуштал“ инспекции на „Пуцко Петрол“ бидејќи газдата, Исмаил Јахоски, го пријавил за криминал со општинска зграда во Пласница.

Вкупен имот во € по години