ЕКСПОЗИЦИЈА

Драган Тренчовски

Градоначалник
СДСМ

Драган Тренчовски е роден на 06 мај, 1982 година во Штип. Основно образование завршил во ООУ „Ванчо Китанов“ во Пехчево, а средно образование за забен техничар, во Штип. Дипломирал на Колеџот „Јорданка Филаретова“ во Софија и се стекнал со звање специјалист по заботехника. Од 2009 до 2013 бил член на Советот на општина Пехчево. На локалните избори 2017 година е избран за градоначалник на општината.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

58.537 евра
5.679

Драган Тренчовски поседува девизна сметка од 3.500 евра. Останатиот имот во анкетниот лист припаѓа на неговите родители и се состои од куќа, две денарски платежни картички и денарска штедна книшка.

Вредноста на имотниот лист на Драган Тренчовски изнесува 64.215 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција,

Вкупен имот во € по години