ЕКСПОЗИЦИЈА

Градоначалник

Градоначалник: СОЊА СТАМЕНКОВА (СДСМ) Соња Стаменкова е родена на 11 февруари, 1968 година во село Саса. Завршила средно медицинско училиште во „ Вељко Влаховиќ“ во Штип. Како медицинска сестра работела од 1987 до 2006 година во Јавната здравствена установа „Гоце Делчев“ во Македонска Каменица. Во периодот од 2009 до 2012 студирала на Факултетот по општа психологија на Меѓународниот Славјански Универзитет (МСУ) во Свети Николе и станала дипломиран психолог. Од 2010 до 2014 посетувала тренинг по Гешталт Психотерапија во Институтот „Гешталт центар -Младен Костиќ“ во Скопје. Од 2006 до 2017 година работела како медицинска сестра во приватната здравствена установа „Др. Драги Фамили Медика“ во Македонска Каменица. На локалните избори во 2017 година граѓаните ја избрале за градоначалничка на општината.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

Соња Стаменкова поседува непрецизиран имот, удели и денарска штедна книшка од 2.496 евра. На име на нејзинот сопруг е наведено моторно возило Пежо 407 а на име на родители има два непрецизирани имоти во Македонска Каменица, моторно возило Фиат Пунто и денарска штедна книшка.

Вредноста на имотниот лист на Соња Стаменкова изнесува 11.764 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција

Вкупен имот во € по години