ЕКСПОЗИЦИЈА

Медат Куртовски

Градоначалник
СДСМ

Медат Куртовски е роден на 02 декември, 1979 година во село Скудриње. Средно образование завршил во ЦСНО „Здравко Чочковски’’ во Дебар, а дипломирал англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при УКИМ, во Скопје. По завршувањето на факултетот работел како професор по англиски јазик во повеќе основни училишта. Во периодот од 2009 до 2013 година бил член на две постојани комисии, формирани од Советот на Општина Маврово и Ростуше, а бил член и на неколку работни групи на проекти поврзани со унапредување и олеснување на образовниот процес на учениците во ОУ „Блаже Конески“.На локалните избори во 2017 година е избран за градоначалник на општината.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

3.415 евра
10.811 евра
2.033 евра
7.166 евра

Медат Куртовски има кредит од 2 илјади евра. Останатиот имот во анкетниот лист припаѓа на неговите родители и се состои од градина, земјиште, објект, шума и моторно возило Форд Фокус.

Вредноста на имотниот лист на Медат Куртовски изнесува 23.425 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција

Во ситуации кога требало да се плати за пијалаци и храна во ресторани не штедела ни Општина Маврово-Ростуше, се вели во истражување на Инбокс7. Во период од шест години – од 2012 година до 2017 година – ова мала општина која брои само 8600 жители трошела околу 90 илјади евра за репрезентација. Според овие бројки, секој жител плаќал по 11 евра за трошоците за храна и пијалаци за општинското раководство. Освен за 2012 година, кога трошоците за репрезентација биле само 0,2 проценти, во следните пет години оваа сума зафаќала речиси 1 процент од вкупните расходи на општината.

Од октомври 2017 година на чело на ова општина е Медат Куртовски од СДСМ, додека во претходниот период беше Мукрем Мемеди од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според официјалните податоци, оваа општина има мал долг од 5,5 илјади евра и е меѓу општините со најмал долг во Македонија. Според анализата, секој жител на општина Маврово-Ростуша е задолжен за само 40 денари.

Вкупен имот во € по години