ЕКСПОЗИЦИЈА

Ацо Велковски

Градоначалник
СДСМ

Ацо Велковски е роден на 29 декември, 1977 година. По професија е Дипломиран економист. Има осумнаесетгодишно работно искуство во Министерството за внатрешни работи. На локалните избори во 2017 година граѓаните му ја дадоа довербата за градоначалник на Општина Лозово.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

11.382 евра
9.756 евра

Во анкетниот лист, Ацо Велковски пријавил само две ставки личен имот: моторно возило Опел Инсигнија и кредит.

Вредноста на имотниот лист на Ацо Велковски изнесува 21.138 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Медиумите известуваа дека кривични пријави се поднесени против градоначалникот Ацо Велковски бидејќи избркал од работа бремена жена. Тој ја демантираше веста.
Само неколку месеци подоцна, ново сведоштво за Велковски се провлече низ јавноста, имено вработена хигиеничарка во Општината, јавно прозборува за мобингот и казните со кои секојдневно се соочува.

Вкупен имот во € по години