ЕКСПОЗИЦИЈА

Роберт Бешовски

Градоначалник
СДСМ

Роберт Бешовски е роден на 22 јули, 1970 година во Велес. Во 1995 година дипломирал на УКИМ – Филозофски факултет, група Одбрана и заштита. Од 1996 година до 2000 година е член на Советот на општина Градско. Од 2000 година се до изборот за градоначалник на Општина Градско, на локалните избори во 2017 година, бил вработен во општината, како советник – комунален инспектор.

 

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

Вредноста на имотот на Роберт Бешовски изнесува 10.407 евра. Тој го пријавил својот кредит од 8.130 евра и автомобилот Рено Лагуна на својата сопруга, вреден 2.276 евра.

 

Вредноста на имотниот лист на Роберт Бешовски изнесува 10.407 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

 

СКУП објави листа на градоначалници кои се сопственици на фудбалски клубови, Бешовски се најде на листата како сопственик на фудбалскиот клуб „ФК ТИМ ЛОКОМОТИВА 2018 Градско “.

Вкупен имот во € по години