ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Еркан Арифи
Градоначалник
ДУИ
Еркан Арифи е роден на 19 октомври, 1984 година, во Куманово, а живее во село Матејче, Општина Липково. Гимназија завршил во СОУ „Исмет Јашари“ во село Липково, дипломирал право на Државниот Универзитет во Тетово, а потоа станал магистер по правни науки -граѓанско право на ФОН Универзитетот. Во периодот од 2004 до 2006 година бил помлад референт во Министерството за транспорти врски, од 2009 до 2016 година бил соработник за правни работи и застапување во Општина Липково и од 2016 до 2017 година виш соработник за правни и општи работи во општината. Во 2017 година на локалните избори e избран за градоначалник на општината Липково.
Податоците се преземени од Гласило – Зелс.
Еркан Арифи поседува земјоделско земјиште во с.Матејче, Липково, трактор Фергусон, и моторно возило ВВ Венто. На име на неговата сопруга пријавил моторно возило Голф 4 и плата. Неговите родители поседуваат две земјоделски земјишта, куќа и двор во Матејче, Липково и плата.
Вредноста на имотниот лист на Еркан Арифи изнесува 76.093 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.
СКУП објави листа на градоначалници кои се сопственици на фудбалски клубови, Арифи е се најде на листата како сопственик на „ФУТСАЛ КЛУБ КАРАДА КУ Липково“.