ЕКСПОЗИЦИЈА

Благој Илиев

Градоначалник
СДСМ

Благој Илиев е роден на 08 август, 1985 година, во Радовиш. Средното образование го завршил во 2004 година, во ДСЕПУ ,,Васил Антевски – Дрен’’ во Скопје. Студирал на Правниот факултет – ,,Јустинијан Први’’ при Универзитетот Св. ,,Кирил и Методиј’’-Скопје, при што во 2009 година се стекнал со звање дипломиран правник. Во периодот од 2010-2017 година Благој Илиев бил управител во ДАБАС ДООЕЛ, со седиште во село Дедино, приватна компанија со дејност во меѓународен и внатрешен транспорт на стоки. На локалните избори во октомври, 2017 година, жителите на Општина Конче му го доверија градоначалничкиот мандат во општината.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

4.065 евра
8.888 евра

Благој Илиев поседува имот вреден 12.953 евра.
Во поглед на личен имот, сопственик е на мерцедес Ц200 2004/2017 вреден 4.065 евра, има лично побарување по основ на даден заем од 729 евра и еден кредит во износ од 361 евра. Како имот на брачен другар, има едно побарување по основ на даден заем во вредност од 4.361 евра и два кредити од вкупно 3.436 евра.

Вредноста на имотниот лист на Благој Илиев изнесува 12.953 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

СКУП пишуваше за градоначалници кои се газди и шефови на здруженија, Илиев се најде на листата како газда на трговското друштво „Друштво за превоз и трговија ДАБАС ДООЕЛ“ с. Дедино Конче“.

Вкупен имот во € по години