ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Борче Гиевски
Градоначалник
СДСМ
Борче Гиевски е роден 07 март, 1958 година, во село Таор, Општина Зелениково, каде што и сега живее. Има завршено Економски факултет. Во периодот од 1980 година до 1991 година работел во „ Пастор“-Заграб, претставништво во Скопје. Потоа во 1991 година основал сопствена фирма „Пастор – промет“ во која работeл до 2005 година и потоа повторно од 2009 година до 2017 година. Во слободното време се занимава со земјоделски работи, а омилено хоби му е ловот. Ктитор е на црквата „Св. Илија“ во село Таор, што ја гради со сопствени средства и со поддршка од жител на Таор, кој живее и работи во Австралија. Во периодот од 2001 до 2005 година бил член на Советот на општина Зелениково а, еден период и негов претседател. Градоначалник на Општина Зелениково за прв пат бил во мандатот 2005 -2009 година а, сега во 2017 година по втор пат ја добил довербата од граѓаните.
Податоците се преземени од Гласило – Зелс.
Борче Гиевски поседува имот вреден 373.984 евра.
Сопственик е на недвижен имот вреден 170.737 евра во кој се вбројуваат деловен простор, земјиште, куќа, помошни објекти и спрат од куќа во Скопје. Подвижниот имот на Гиевски е во вредност од 130.083 евра, во којшто се пријавени моторни возила, машини и друга опрема (комбајн, трактор, приклучни машини за трактор) и други превозни средства (камиони 2 МАН 2007/2012). Како друг имот има пријавено две фирми: АНГЕЛ Логистик (имот на деца) и ПАСТОР ДООЕЛ (личен имот), како и други приходи (денари), сè заедно во вредност од 73.170 евра.
Вредноста на имотниот лист на Борче Гиевски изнесува 373.984 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.
СКУП објави листа на градоначалници кои се сопственици на фудбалски клубови, Гиевски се најде на листата како сопственик на фудбалскиот клуб „ФК ЗЕЛЕНИКОВО с. Зелениково “.