ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Златко Марин
Градоначалник
СДСМ
Златко Марин е роден на 14 јули, 1978 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнал со звање дипломиран професор по физичко и здравствено воспитание. Во периодот од 2002 до 2005 година бил назначен за член на Надзорниот одбор на ЈСП – Скопје. Од 2005 до 2012 година ја извршувал функцијата, член на Советот на Општина Аеродром. На локалните избори во 2017 година е избран за Градоначалник на општина Аеродром.
Податоците се преземени од Гласило – Зелс.
Вредноста на имотот на Златко Марин изнесува 137.236 евра. Тој на свое име пријавил само автомобил Алфа Ромео вреден 2.439 евра. Со сопругата имаат кредит од 29.919 евра, а неговите родители поседуваат куќа во Битола вредна 34.959 евра и стан во Скопје, проценет на 69.919 евра.
Вредноста на имотниот лист на Златко Марин изнесува 137.236 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.
Една од најголемите дамки во раководењето со општината на градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин е веројатно деветкатницата која почна да се гради пред Мајчин дом, а за што аеродромци во неколку наврати во 2018 година протестираа, но безуспешно. Објаснувањето на градоначалникот беше дека е немоќен да го сопре градењето.
Нов удар за аеродромци беше договорот кој градоначалникот го склучил со маркетинг агенцијата „Мек Кен“ за подобрување на имиџот на градоначалникот и општината. Договорот, како што пишуваа медиумите во јуни минатата година, е вреден 73.000 евра, односно за услугите на оваа агенција аеродромци треба да издвојуваат по околу 6000 евра месечно и покрај тоа што на веб страницата се истакнати 7 лица за односи со јавност.