ЕКСПОЗИЦИЈА

Миликије Халими

Градоначалник
СДСМ

Миликије Халими е родена на 04 мај, 1980 година, во село Арачиново. Средно образование завршила на Медицинско училиште „Никола Штејн” во Тетово. Дипломирала на Педагошкиот факултет, на УКИМ во Скопје, во 2006 година. Халими учествувала на многу курсеви и семинари организирани од релевантни меѓународни организации, во различни области, но посебно внимание посветила на оние каде акцентот е ставен на улогата и придонесот на жените во развојот на општеството, како на пример: „ Жените во политиката“ ; „ Насилство врз жените “ ; „Школа за активација на жената“ и други. На локалните избори во 2017 година е избрана за градоначалничка на општина Арачиново.

 

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

25.000 евра
646.000 евра

Миликије Халими поседува имот кој е проценет на 671.000 евра. На нејзината имотна листа евидентирани се три ставки кои ги поседуваат заедно со сопругот, и тоа: автомобил Мерцедес Бенз Е-350 2009/2018 од 25.000 евра, удели во вредност од 5.000 евра и кредит од 641.000 евра.

 

Вредноста на имотниот лист на Миликије Халими изнесува 671.000 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Градоначалничката на Арачиново според медиумите не поднела анкетен лист и изјава за интереси по избор на функцијата.

Вкупен имот во € по години