ЕКСПОЗИЦИЈА

Звонко Пекевски

Градоначалник
СДСМ

Звонко Пекевски е роден на 16 февруари 1974 година, во Кочани. Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп, при Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола, каде се стекнал со звањето Дипломиран економист – Статистичко кибернетичка насока. Пекевски има положено стручен испит за проценувач, а исто така е и овластен сметководител. Во општината Берово засновал работен однос од 2001 година, каде до 2005 година бил на работното место, референт за финансирање и буџет, а потоа, до изборот за градоначалник на Општина Берово, во октомври, 2017 година бил раководител на Одделението за финансиски прашања на општината.

 

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

4.878 евра
43.366 евра
18.454 евра
26.862 евра

Звонко Пекевски поседува имот вреден 93.560 евра. Тој на свое име пријавил гаража, двор, четири земјишта под објект, шест земјоделски земјишта, шест ливади, три ставки со лоѓии, балкони и тераси, две пасишта, три овошни градини, три помошни простории, четири стана, две шуми и еден автомобил Фиат Гранде Пунто 2009/2009.
Од финансии Пекевски пријавил три девизни депозити со 7.649 евра и една трансакциска сметка со 816 евра.
Неговите деца располагаат со два орочени депозити од по 514 евра.

 

Вредноста на имотниот лист на Звонко Пекевски изнесува 93.560 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Градоначалникот Пекевски во медиумите беше посочен како еден од актерите во случај со трансформација на работен однос на една наставничка во Берово, која реагираше дека не и е продолжен договорот, а наместо тоа, обвини дека е трансформиран работниот однос на сопругата на градоначалникот.

СКУП објави листа на градоначалници кои се сопственици на фудбалски клубови, Пекевски се најде на листата како сопственик на фудбалскиот клуб „ФК МАЛЕШ Берово“.

Вкупен имот во € по години