ЕКСПОЗИЦИЈА

Велимир Смилевски

Градоначалник
СДСМ

Велимир Смилевски е роден на 26 октомври, 1976 година во Скопје. Дипломирал на Економски факултет на УКИМ, насока Финансиско сметководствен менаџмент. Од странски јазици говори англиски. По завршувањето на високото образование започнал приватен бизнис и на градоначалничката функција на Општина Бутел доаѓа од фирмата „Автогума“ АД Скопје. Во периодот од 2013-2017 година бил советник во Општина Бутел.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

56.049 евра
115.447 евра
169.171 евра

Велимир Смилевски поседува имот вреден 340.667 евра. Тој пријавил магацински простор вреден 115.447 евра, два автомобила Мерцедес Бенз од 49.870 евра и Опел Астра ГТЦ од 6.179 евра. Смилевски исто така поседува акции во вредност од 113.821 евро од 2008 година, како и удели од 16.260 евра од 2008 година и 12.195 евра од 2017 година. Во 2014-та евидентирано е побарување по основ на даден заем во висина од 14.634 евра, а во периодот 2017-2018 година земал месечна кирија од 244 евра. Во 2016-та година на неговата трансакциона сметка имало 976 евра. Тој поседува и кредит од 8.423 евра. На платежните картички во 2017-та година имал вкупно 2.618 евра.

Вредноста на имотниот лист на Велимир Смилевски изнесува 340.667 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

 

Градоначалникот беше споменуван во јавноста поради тоа што наводно, неговиот телохранител нападнал вработен во општина Бутел.

За Смилевски, Државната комисија за спречување на корупцијата лани (2019 година) отвори постапки поради тоа што е утврдено дека тој покрај градоначалничката функција бил и член на Управниот одбор на ГТЦ АД, што значи извршувал две функции истовремено.

СКУП пишуваше за градоначалници кои се газди и шефови на здруженија, па така Смилевски се најде на листата како газда на две трговски друштва: „Друштво за производство трговија и услуги РЕПРОГУМА ДОО експорт-импорт Скопје“ и „Друштво за градење и стопанисување со станбен и деловен простор ВИДРА ДЕКОР ДОО експорт-импорт Скопје“.

Вкупен имот во € по години