Градоначалник
СДСМ
Перо Костадинов е роден на 14 јануари, 1987 година. Дипломирал на Економскиот факултет на УКИМ во 2009 година. Работел во ИГМ АД “Еленица“ Струмица и “Еко оранжерии Анска-Река“ -Валандово. Во периодот од 2015 до 2017 година бил член на Советот на Општина Валандово, а во 2017 година стана градоначалник на општината.
Податоците се преземени од Гласило – Зелс.
Имотот на Перо Костадинов е проценет на 28.829 евра. Тој го пријавил имотот на своите родители кој се состои од трактор, двор, четири земјишта, едно земјоделско земјиште и куќа во Удово. Од личен имот, Костадинов пријавил денарски депозит во висина од 374 евра.
Вредноста на имотниот лист на Перо Костадинов изнесува 28.829 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.
Градоначалникот Костадинов беше експониран во медиумите по потпишувањето на договор со фирмата „ВАТО“, обвинета во случајот Труст кој го водеше Специјалното јавно обвинитеслтво, еден месец пред донесување на пресудата. Со пресудата оваа фирма беше ослободена од одговорност.