ЕКСПОЗИЦИЈА

Теута Арифи

Градоначалник
ДУИ

Теута Арифи е родена на 19 октомври, 1969 во Тетово.  Основното и средното училиште завршила во родниот град а дипломирала на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Приштина, во 1991 година. На Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, на Филозофскиот факултет магистрирала во 1995 година, а со титулата доктор на науки, се стекнала на Филолошкиот факултет на овој Универзитет. Во 2002 година, била избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија и станала првата жена Албанка избрана за член на највисокиот законодавен дом во земјата. Потоа следи период на богата политичка кариера, кога на парламентарните избори во 2006, 2008 и 2011 година повторно била избрана за член на Парламентот на Република Македонија. Во јули 2011 година, била избрана за Заменик Претседател на Влада на Република Македонија за европски прашања. Во периодот 2013-2017 година е избрана во Управниот одбор на ЗЕЛС. На локалните избори во 2017 година, граѓаните по втор пат ја избираат за градоначалник на Општина Тетово.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

23.733 евра
156.943 евра
65.049 евра

Теута Арифи во својот имотен лист има пријавено заеднички имот кој се состои од четири стана во Скопје и две моторни возила, Шевролет Каптива и Цитроен Ксара.Во имотниот лист е наведен и орочен девизен депозит во износ од 15.000 евраи долг од 50.000 евра.

Вредноста на имотниот лист на Теута Арифи изнесува 245.725 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Арифи е градоначалничка на Тетово од 2013 година. Нејзиното владеење со општината е придружено со повеќе обвиненија за неправилно работење и непотизам во однос на вработувањата, а главен проблем во општината долг период беше и дивата депонија на која се жалеа жителите на Тетово.

Тетовчани постојано бараат одговорност од градоначалничката чии што ветувања остануваат на хартија, а и невладините организации често пати реагираа и апелираа да и се укинат ингеренциите на градоначалничката.

 

Вкупен имот во € по години