ЕКСПОЗИЦИЈА

Марјан Јанев

Градоначалник
СДСМ

Марјан Јанев е роден на 22 ноември, 1986 година во Струмица, а живее во село Градошорци. Завршил средно ветеринарно училиште во Свети Николе. Во 2013 година дипломирал како лекар ветеринар на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 2014 година работи како ветеринар во „Ветерина Нова“ во Струмица. Бил член на Советот на Општина Василево, во периодот 2013-2017 година, а на локалните избори во 2017 година избран е за градоначалник на општината.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

8.130 евра
8.130 евра
2.927 евра
22.439 евра

Марјан Јанев пријавил имот вреден 41.625 евра. Тој располага со четири земјоделски земјишта, куќа во село Градошорци, три автомобили Форд Фиеста, Фолксваген Пасат и Ланд Ровер, како и кредит од 2.927 евра. Од имотот на своите најблиски, го пријавил оној на своите родители, односно лозје во село Добрејци, село Ангелци и село Градошорци вредно 14.634 евра.

Вредноста на имотниот лист на Марјан Јанев изнесува 41.625 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Јанев лани (2019 год.) беше прозван од опозицијата како можел да купи автомобил кога општината е во долгови.

Вкупен имот во € по години