ЕКСПОЗИЦИЈА

Сашо Јанкоски

Градоначалник
СДСМ

Сашо Јанкоски е роден во 1972 година, во Струга. Дипломирал во 1997 година на УКИМ – Машински факултет, во Скопје, каде се стекнал со диплома – Машински инженер по заварување, заварени врски и конструкции. Работниот ангажман го започнал во 2000 година, како технички директор во приватна фирма „Огледала“ – Струга, каде работел до 2003 година, а потоа до 2005 година, работел во „Ибис 2001“ – во истиот град, повторно како технички директор. Во периодот од 2005 до 2010 година бил управител во „НЕБРА“ од Струга, а од 2014 до 2017 година бил програмер на CNC машини во „Гранимор“. Како средношколец во 1987 година учествувал во познатиот „Вевчански случај“. Земал активно учество во основањето на првото еколошко друштво во Вевчани. Од 2000 до 2005 година бил член на Советот на Општина Вевчани, а во 2017 година стана градоначалник на општината.

 

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

7.317 евра
18.246 евра
4.035

Пријавениот имот на Сашо Јанкоски вреди 29.598 евра. Јанкоски го пријавил имотот на своите родители. Истиот се состои од двор, земјоделско земјиште, куќа, лозје и пасиште во Вевчани. Севкупно е проценето на 22.281 евро. Неговата сопруга поседува автомобил Опел Инсигниа, а тој Фиат Пунто.

 

Вредноста на имотниот лист на Сашо Јанкоски изнесува 29.598 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

На почетокот на годинава, Јанковски се најде во медиумите, кои за него пишуваа дека за директор на локалното комунално претпријатие поставил кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Неговото објаснување беше дека конкретната кандидатка била единствена која ги исполнувала условите.

Вкупен имот во € по години