ЕКСПОЗИЦИЈА

Аце Коцевски

Градоначалник
СДСМ

Аце Коцевски е роден на 07 јуни, 1961 година. По професија е дипломиран градежен инженер, насока –Организација. Од 1982 до 1983 година бил претседател на Студентска организација на УКИМ во Скопје, а од 1986 до 1988 година бил секретар на Младинската организација, на поранешна Југославија. Во мандатот 1994-1998 година бил пратеник во Собрание на Република Македонија, каде бил претседател на Комисијата за урбанизам и градежништво. Од 1999 до 2000 година бил потсекретар во Министерството за локална самоуправа, задолжен за развој на локалната самоуправа и европски интеграции и раководител на Тимот за изработка и реформа на системот на локалната самоуправа во државата. Во 2000 година бил избран за градоначалник на Општина Велес до 2005 година, а потоа граѓаните повторно му ја дале довербата за периодот 2005-2009 година, кога бил и претседател на Советот за развој на Вардарскиот плански регион, претседател на Асоцијацијата на Градови од Македонија со архитектонско наследство и член на Управниот одбор на ЗЕЛС како и претседател на Комисијата за финансирање и администрација. Во 2017 година по трет пат граѓаните му ја доверуваат градоначалничката функција во оваа општина. Во периодот од 2010 година до 2017 година основал и бил управител на Друштвото за градежништво и консултантски услуги „АФИОН“ ДООЕЛ- Велес. Коцевски е автор на Стратегијата за реформа на системот за локална самоуправа на Р.М. и на неколку други документи усвоени од Владата на РМ од оваа област. Повеќе пати престојувал на професионална едукација во странство. Бил ангажиран како консултант на многу проекти и обуки од областа на локалната самоуправа, а добил и бројни признанија и награди, меѓу кои: „Зелено јаболко“ ДЕМ во 2002 година и „Бела еко листа “ на ЕПЦ.

 

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

9.100 евра
25.364 евра
3.252 евра

Аце Коцевски поседува имот вреден 119.164 евра. На свое име пријавил земјиште, деловен простор, две гаражи, градежно земјиште, три куќи од кои едната за одмор и една со помошна просторија и двор. Со сопругата поседуваат три возила Поло 1.9, Опел Корса, Сузуки СХ 4, и еден мопед Гарели. Покрај подвижниот имот, тие пријавиле девизна сметка со 3.800 евра, три девизна штедна книшки, една денарска штедна книшка и две трансакциони сметки. Коцевски пријавил и уметнички слики и скулптура во вредност од 3.252 евра. Од имот на деца, тој пријавил девизна сметка со 400 евра и транскациона сметка.

 

Вредноста на имотниот лист на Аце Коцевски изнесува 119.164 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Ветеранот во политиката, велешкиот градоначалник, Коцевски беше на тапет во еден од медиумите, каде се шпекулираше дека преку ноќ, енормно го зголемил своето богатство. Наводно, свиркачи доставиле документи во медиумите, каде се прашува како е можно Коцевски да купува огромен имот со плата од само 850 евра.

Коцевски неодамна го прозваа и поради тоа што неговиот братучед, Трајче Трајков добил грант од Фондот за иновации и технолошки развој.

СКУП пишуваше за градоначалници кои се газди и шефови на здруженија, па така Коцевски се најде на листата како газда на трговското друштво „Друштво за градежништво и консултантски услуги АФИОН увоз-извоз ДООЕЛ Велес“.

Вкупен имот во € по години