ЕКСПОЗИЦИЈА

Ивица Димитров

Градоначалник
СДСМ

Ивица Димитров е роден на 30 април, 1983 година во Виница. Дипломирал на  Технолошко-техничкиот факултет на Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип каде се стекнал со звањето инженер-технолог. Од 2007 година до 2012 година работел како раководител во одделението за боење и печатење во фабриката за трикотажа „Зона Трико“ во Виница, а од  2013 до 2017 е главен технолог за производство во Модната групација „ИНТТрејд“  од Кочани.  Пред да биде избран за градоначалник на општина Виница бил директор на Државен комунален инспекторат на Република Македонија. Во 2016 година добил награда за најдобар технолог инженер за фарбање, перење и печатење на текстилни материјали во Република Македонија. На локалните избори во 2017 година, граѓаните од Општина Виница го избрале за свој градоначалник.

 

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

4.520 евра
90.000 евра
4.520 евра
85.910 евра

Ивица Димитров поседува имот проценет на 184.951 евро. Тој ја пријавил својата месечна плата за која не ја навел вредноста, но затоа ги пријавил платите на своите родители, 195 односно 325 евра. Димитров поседува два автомобила БМВ и Фиат Пунто. Останатиот имот е на неговите родители. Тие располагаат со две земјишта и куќа во Виница, како и производни капацитети исто во Виница, а имаат и депозит од 4.000 евра.

 

Вредноста на имотниот лист на Ивица Димитров изнесува 184.951 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Димитров беше прозван од опозицијата за непотизам, поради вработувања на негови блиски роднини на државни функции. За овие случаи, опозицијата ја повика Државната комисија за спречување на корупција да ги испита случаите.

Вкупен имот во € по години