ЕКСПОЗИЦИЈА

Борис Георгиевски

Градоначалник
СДСМ

Борис Георгиевски е роден на 03 октомври 1964 година, во Скопје. Тој е специјалист по лабораториска аналитика и целосното негово работно искуство го поминал надградувајќи се во оваа област. Својата професионална кариера ја започнал во 1986 година, во ЈЗУ Здравствен дом Скопје. Од 1988 година до 1900 година работел во Републичката Конференција на Сојуз на социјалистичка младина на Македонија, во Белград, по што се вратил повторно во ЈЗУ Здравствен дом Скопје. Бил член на Советот на општина Гази Баба во два мандати, првиот во периодот од 2000 до 2005 и вториот од 2009 до 2013 година, а во 2017 година е избран за градоначалник на општината.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

3.000 евра
200.000 евра
21.566 евра
83.000 евра

Борис Георгиевски пријавил имот вреден 307.566 евра. На свое име пријавил стан во Скопје, автомобил Опел Зафира, кредит од 9.000 евра кој треба да го исплати до 2022 година и лизинг од 12.566 евра. Неговата сопруга поседува исто така стан во Скопје, додека пак, неговите родители располагаат со земјиште, куќа и земјоделско земјиште во село Стајковци, како и ливада, лозје и шума во Винче.

Вредноста на имотниот лист на Борис Георгиевски изнесува 307.566 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Градоначалникот Георгиевски реагираше во медиумите откако Државната комисија за спречување на корупција го спомена дека е еден од неколкуте градоначалници кои не доставиле анкетен лист до комисијата.

Дел од медиумите го прозваа поради тоа што наводно ги принудувал вработените да учествуваат на обука за успешно спроведување на референдумот за промена на името на државава.

Минатата година Георгиевски се соочи со проести против загадувањето во општината, а протестантите ги повика на јавна дебата, правдајќи се дека имаат ограничени ресурси за да се справат со загадувањето.

Вкупен имот во € по години