ЕКСПОЗИЦИЈА

Сашо Поцков

Градоначалник
СДСМ

Сашо Поцков е роден на 17 мај, 1966 во Гевгелија, каде завршил основно и средно образование. Дипломирал во 1989 година, на Економски факултет при УКИМ во Скопје, каде во 2003 година магистрирал на отсек МБА менаџмент. Oженет е и татко на две деца. Првото вработување му било во 1990 година во ЗИК „Винојуг”- Гевгелија, каде во периодот 1997 до 1999 година бил генерален директор на комбинатот. Од 2005 до 2014 година бил вработен како менаџер во АД „Осигурителна полиса» во Гевгелија. На парламентарните избори во 2014 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, како и во 2016 година на предвремените парламентарни избори. На локалните избори во октомври 2017 е избран за градоначалник на општина Гевгелија.

 

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

7.317 евра
18.246 евра
4.035 евра

Сашо Поцков пријавил имот вреден 93.272 евра. Поголемиот дел од имотот е во сопственост на неговата сопруга. Таа поседува куќа во Гевгелија, куќа за одмор во Дојран, штеден влог со 650 евра и три возила, меѓу кои Цитроен Ц3, Пежо 407 и Тојота Јарис. Поцков од личен имот пријавил само два кредита, секој поединечно од 9.756 евра. На име на своите деца, пријавена е само Фолксваген Буба.

 

Вредноста на имотниот лист на Сашо Поцков изнесува 93.272 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

За градоначалникот Поцков имаше информации во медиумите дека наводно неговата сопруга добила тендер од општината за осигурување на имот и на вработените во оваа локална самоуправа.

Вкупен имот во € по години