ЕКСПОЗИЦИЈА

Зоран Ногачески

Градоначалник
СДСМ

Зоран Ногачески е роден на 08 февруари,1966 година. Постојано живее во село Волино, општина Дебрца. Дипломирал во 1992 година на Правниот факултет „Јустинијан Први”, при УКИМ во Скопје. Професионалната кариера ја започнал во 1997 година, кога бил избран за секретар на Советот на поранешната општина Мешеишта и истата ја извршувал до 2005 година. Од оваа година, до 2017 е вработен како државен службеник во општинската администрација на општина Дебрца и тоа од 2005-2011 година како комунален инспектор, од 2011-2013 како раководител на одделението за правни прашања и општи работи, а од 2013-2017 како раководител на одделението за инспекциски работи. На локалните избори во октомври, 2017 година стана градоначалник на Општина Дебрца.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

11.827
16.260 евра
14.114 евра
65.041 евро

Зоран Ногачески пријавил личен имот во вреднос од 107.241 евро. Во неговиот имот спаѓаат земјоделско земјиште и куќа во Дебрца. Ногачески пријавил и Трактор Раковица вреден 1.950 евра и два автомобила, едниот во сопственост на неговите деца, Волксваген Голф од 8.900 евра и Југо Корал од 976 евра. Во имотниот лист наведени се и приходи од земјоделска дејност во период октомври-ноември, но не е наведена годината, а истите се во висина од 150.000 до 200.000 денари, односно околу 5.691 евро. Ногачески има и кредит од 8.423 евра.

Вредноста на имотниот лист на Зоран Ногачески изнесува 107.241 евро и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција

СКУП објави листа на градоначалници кои се сопственици на фудбалски клубови, Ногачески се најде на листата како сопственик на фудбалскиот клуб „ФК САТЕСКА с. Волино “.

Вкупен имот во € по години