ЕКСПОЗИЦИЈА

Горан Трајковски

Градоначалник
СДСМ

Горан Трајковски е роден во Делчево на 20 јули 1971 година. Основно образование завршил во Делчево а средно во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје. Дипломирал на Природно- математичкиот Факултет во Скопје, на отсекот Математика. Во 2003 година се вработил во ООУ „Св. Климент Охридски“ како наставник по математика, а во периодот 2007-2009 бил заменик директор на училиштето. Исто така, бил и член во Управен одбор на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“- Делчево. Во периодот од 2013 до 2017 година бил член на Советот на Општина Делчево. На локалните избори во 2017 година избран е за градоначалник на општината.

 

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

5.976 евра
55.900 евра
28.390 евра

Горан Трајковски пријавил имот вреден 90.266 евра. Тој поседува куќа во Делчево вредна 55.900 евра, два автомобила Пасат и Шкода Фелициа, а располага и со парично побарување од 2.390 евра, како и кредит од 26.000 евра.

 

Вредноста на имотниот лист на Горан Трајковски изнесува 90.266 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Вкупен имот во € по години