ЕКСПОЗИЦИЈА

Лазар Петров

Градоначалник
СДСМ

Лазар Петров e роден на 17 февруари, 1983 година, во Неготино. Гимназија, двојaзичен клас по француски и македонски јазик завршил во Неготино. Дипломирал во 2008 година на УКИМ во Скопје, на Филолошкиот факултет и се стекнал со звање дипломиран преведувач и толкувач по француски и англиски јазик. Во периодот 2006 – 2007 година работел во хотел „La Source Villeneuvette Herault“ во Франција. Од октомври 2011 година работел како управител во ВВ „Попова кула“ АД Демир Капија, а од септември 2012 година бил раководител на винскиот туризам во ова организација. На локалните избори во 2017 година е избран за градоначалник на општина Демир Капија.

 

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

12.841 евра
3.600 евра
4.263 евра

Лазар Петров пријавил имот вреден 20.704 евра. Тој ги пријавил акциите на своите родители од 1.161 евро, како и земјиштето во Неготино. На свое име, тој поседува две земјишта едно во Прждево и Демир Капија, две куќи во Демир Каија, лозје во Прждево и кредит од 2.439 евра кој треба да го врати до 2.439 евра.

 

Вредноста на имотниот лист на Лазар Петров изнесува 20.704 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Вкупен имот во € по години