ЕКСПОЗИЦИЈА

Анго Ангов

Градоначалник
СДСМ

Анго Ангов е роден на 03 декември, 1984 година во Гевгелија. Тој е дипломиран економист, дипломирал на УКИМ во Скопје, Економски факултет, отсек сметководство и ревизија. Од 2008 година работел во ревизорско друштво „Трио Консалтинг“, се до 2013 година, кога основал сопствена фирма за сметководство и ревизија “Ангов – консалтинг ”. На локалните избори во октомври 2017 година е избран за градоначалник на Општина Дојран.

 

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

6.829 евра
130.000 евра
24.600 евра
4.700 евра

Анго Ангов поседува имот 171.130 евра. Тој пријавил стан во Гевгелија, автомобил Форд Мондео, два денарски депозита од 590 односно 2.116 евра, како и кредит од 21.895 евра кој треба да го исплати до 2029 година. Неговата сопруга има удели од 5.000 евра, а сестрата на Ангов поседува Пежо 207. Родителите на Ангов пак, имаат автомобил Фиат Пунто. Со сопругата, Ангов поседува куќа и градежно земјиште во Дојран, вредни 104.700 евра.

 

Вредноста на имотниот лист на Анго Ангов изнесува 171.130 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Вкупен имот во € по години