ЕКСПОЗИЦИЈА

Џемил Ќамили

Градоначалник
ДУИ

Џемил Ќамили е роден 06 април, 1979 година во Прилеп. Дипломирал на Правниот факултет при Меѓународниот Универзитет во Струга. Од странските јазици го познава англискиот јазик. Во 2004 година се вработил како полицаец, а од 2008 до 2014 година работел како Командир на полициска станица во село Ропотово. На изборите во 2017 година е избран за Градоначалник во Општина Долнени.

Податоците се преземени од Гласило – Зелс.

5.365 евра
72.845 евра
134 евра
7.317 евра
6.829 евра

Џемил Ќамили пријавил имот вреден 92.492 евра. За две ставки од имотната листа, односно за куќата и помошните простории во Долнени не навел кому припаѓаат. Од личен имот, пријавил злато вредно 6.829 евра, Трактор, Ауди а6, кредит од 8,300 евра и други приходи по основ земјоделие од 7.317 евра.

Вредноста на имотниот лист на Џемил Ќамили изнесува 92.492 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Вкупен имот во € по години